Отворени 530 работни места во рударството во 2013

Bez autora
Dec 26 2013

За рударството во Македонија 2013 година беше успешна, а во наредната година планираме да реализираме многу проекти, меѓу кои и нов закон за минерални суровини и изнаоѓање странски реномирани компании, кои ќе направат целосно скенирање на рудното богатство со цел да се изнајдат нови наоѓалишта. Ова го истакна министерот за економија пред почетокот на седницата на Македонската асоцијација за рударство (МАР), на која се направи сублимат на сработеното во 2013 година и се разгледаа плановите за 2014 година, како и планираните измени на Законот за минералните суровини и предлог-тарифникот за концесии. Сараќини прецизира дека во 2013 година се доделени 93 концесии за детални геолошки истражувања и за експлоатација, од кои само во првите девет месеци од годинава има приходи од 600 милиони денари. Во секторот рударство во 2013 година отворени се и 530 нови работни места и се бележи зголемен раст од речиси 7 отсто во однос на претходната година. Може да се констатира дека 2013 беше доста успешна година.

Отворени 530 работни места во рударството во 2013За рударството во Македонија 2013 година беше успешна, а во наредната година планираме да реализираме многу проекти, меѓу кои и нов закон за минерални суровини и изнаоѓање странски реномирани компании, кои ќе направат целосно скенирање на рудното богатство со цел да се изнајдат нови наоѓалишта.

Ова го истакна министерот за економија пред почетокот на седницата на Македонската асоцијација за рударство (МАР), на која се направи сублимат на сработеното во 2013 година и се разгледаа плановите за 2014 година, како и планираните измени на Законот за минералните суровини и предлог-тарифникот за концесии.

Сараќини прецизира дека во 2013 година се доделени 93 концесии за детални геолошки истражувања и за експлоатација, од кои само во првите девет месеци од годинава има приходи од 600 милиони денари.

- Во секторот рударство во 2013 година отворени се и 530 нови работни места и се бележи зголемен раст од речиси 7 отсто во однос на претходната година. Може да се констатира дека 2013 беше доста успешна година. За 2014 година планираме нов закон за минерални суровини и да најдеме странски реномирани компании кои ќе направат темелно истражување на рудното богатство со цел да се изнајдат нови наоѓалишта, кои ќе бидат предмет на доделување концесија - рече Сараќини.

Асоцијацијата за рударство побара Владата и Министерството за економија да ја одложат примената на новиот тарифник за концесии, со кој се предвидува зголемување на концесискиот надоместок во рударството за 50 отсто од идната година.

- Тоа би било многу лошо за нас зашто сите фирми веќе ги донесоа своите буџети, а токму концесискиот надоместок има значителна улога во вкупното финансиско работење. Ќе побараме од Владата и од Министерството за економија да се одложи примената на тарифникот и да ни се даде можност заеднички да продискутираме какви ефекти ќе има врз работењето - изјави Николајчо Николов, претседател на МАР.

Потпретседателот на МАР, Шефки Алити, новиот тарифник го оцени како шок за бизнисмените, особено за оние што имаат каменоломи и мермерни комбинати.

- Годинава беше многу тешка за каменоломите и за мермерните комбинати, а не очекуваме подобрување ни во 2014 година бидејќи во Македонија нема инвеститори на големи објекти какви што имаше порано - изјави Алити.

На тоа министерот Сараќини одговори дека веќе е одложено воведувањето на новиот тарифник за плаќање концесиски надоместоци за да им се излезе во пресрет на барањата на концесионерите.

- Македонија има најевтин тарифник за плаќање концесиски надоместоци. Цените се за 10 до 20 отсто пониски во однос на регионот. Од друга страна, ако се види профитот на компаниите што го остваруваат во секторот рударство, мислам дека е редно значителен дел од тоа да оди како приход на државата. Сепак, ние никогаш нема да донесеме одлука која ќе биде лоша за бизнис-секторот - изјави Сараќини.

Тој рече дека Владата секогаш разговара со бизнисмените пред да донесе одлуки кои влијаат на нивниот бизнис.

- Доколку се усогласиме, тарифникот ќе биде донесен на Владата, но никогаш нема да биде донесен тарифник со цени повисоки од макар една земја во регионот. Секогаш цените ќе бидат изедначени или пониски од регионот зашто примарна цел на оваа Влада е да има компаративни услови за правење бизнис во Македонија - потенцира Сараќини.

Засилени контроли за заштита на рударите

Владата и во 2014 година ќе ги санкционира сите концесионери кои не вложуваат многу во делот на заштита на вработените во рударството.

- Во тек е интензивна акција и секаде каде што ќе се констатира дека рударите работат во мизерни услови, концесионерите ќе се соочат со казни во согласност со законските одредби - потенцира Сараќини и упати апел компаниите повеќе да инвестираат во делот на заштита на работа во 2014 година.

Претседателот на МАР, Николајчо Николов, рече дека Асоцијацијата во целост го поддржува заострувањето на мерките за подобрување на работните услови во рударството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik